Телевизискиот канал Франс 2 објави дека неколку француски градови почнале да делат бонови за храна за да ги обесштетат жителите за зголемените цени на храната.
Според телевизијата Франс 2, на граѓаните им се даваат ваучери во вредност од пет, 20 и 30 евра.
До денес, градските администрации потрошиле околу 37 милиони евра за издавање купони и сертификати, како и за други мерки за поддршка на населението.
Владата во Париз се уште нема донесено уредба за доделување на овие субвенции, но градоначалниците на некои француски градови решија сами да воведат бонови за храна, без да чекаат официјална владина одлука.
Идејата за дистрибуција на ваучери за храна за домаќинствата со средни и ниски приходи беше предложена од францускиот претседател Емануел Макрон и оваа мерка се анализирало долго пред претседателските избори.
извор: kanal5.com.mk