Уште шест месеци да продолжи мерката која предвидува нула отсто царина за 50 проценти од искористените увезени количини свинско месо во претходната година, бараат преработувачите на сувомеснати производи.
Предупредуваат дека во спротивно сувомесните производи ќе поскапат за 15 - 20 отсто, но можно е да дојде и до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството со што 500 семејства во еден регион ќе останат без работа.
Готови производи влегуваат во земјава со нула отсто царина, а ние при увоз на суровина за да ги произведеме истите тие готови производи плаќаме 20 – 30 отсо царина, така што ќе дојде или до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството.
Осврнувајќи се на останатите предизвици со кои се соочува домашната месна индустрија, од Нова година досега цените на суровините значително пораснаа. Пченицата од 400 евра за тон сега е 1 200 евра, а пченката од 300 евра, сега е 800 евра за тон. Дополнително, поскапени се и енергенсите.