Дали некогаш основните работи во здравството ќе се средат? Голем број граѓани кои се обратија до редакцијата на Фактор, велат дека секојдневно добиваат пораки од системот МојТермин за прегледи кои никогаш не ги побарале. Револт изразуваат и матичните лекари кои на нивните пациенти не можат да им обезбедат термин, за акутно заболување, за кое мора веднаш мислење да даде лекар специјалист.
Работата е дојдена дотаму, „никогаш да не ти затреба доктор“. Па тоа е вистинска голгота низ што се треба да се помине за 10-тина минути кај специјалистот кој треба само да напише „продолжување на терапијата“ за хроничното заболување. Но, кое е значењето на МОЈ ТЕРМИН, кога мојот термин не е мој термин.
Почнувајќи од 9.45, на ред треба да биде четвртиот пациент, но од страна влегуваат други, незакажани пациенти. Тогаш која е логиката да постои МОЈ ТЕРМИН. Навистина се преминати сите граници на човечноста, а тоа што најмногу загрижува е што приватните ординации им функционираат непречено.
Револтот не го кријат ниту матичните лекари и интернистите кои ги упатуваат пациентите на терцијарно ниво, кои сметаат дека системот МојТермин е убаво смислен, но не за во нашата држава.
-Секаде во напредните здравствени системи постои ваков облик на закажување. Но, ние за жал ние не сме таква напредна држава со напреден здравствен систем. Значи овој систем мора или да се укине, да не постои веќе, или добро да се уреди за да функционира како што треба, посочуваат матичните лекари.