Молбата е вовед во вашето CV и вашата понуда до компанијата на која се и се обраќате. Квалитетно напишаната молба нема да остане незабележана.
Без разлика дали се пријавувате на оглас за работа или се претставувате себеси на компанијата/head hunter-от со молба да ве внесе во својата база на потенцијални кандидати за вработување, молбата треба јасно да ги изрази вашите способности, компетитивни предности и потенцијалниот придонес во вашата идна компанија.
Молбата мора да има форма на стандардно деловно писмо
Во горниод денес агол, во првиот ред внесете адреса на живеење, во вториот ред град и поштенски број, а во третиот ред датум. Под датумот оставете еден ред празен, а потоа на левата страна наведете го целосното име на примачот, неговата функција, името на компанијата, адресата, поштенскиот број и градот. Започнете го писмото со “Почитуван г-дин / г-ѓа“, употребувајќи го презимето на лицето на косе се обраќате или неговата функција, а завршете го во деловен стил (“Срдечен поздрав“, “Со почит“ или слично).
Молбата не треба да биде подолга од една страна
Содржината на професионално составена молба треба да биде поделена во три основни параграфи:
- во првиот параграф наведете зошто се пријавувате на огласот
- во средишниот дел наведете ги знаењата и вештините со кои може да допринесете во конркетната компанија – ова е најважниот дел од молбата
- во завршниот дел одговорете на прашањето зошто ја одбравте токму оваа компанија
Молбата мора да биде составена со цел
Му се обраќате на конкретен работодавач така што мора да покажете дека знаете со кого комуницирате. Никогаш немојте еден ист примерок од молбата да испраќате на неколку различни огласи! Побарајте информации за компанијата за чиј оглас аплицирате, добро истражете каков кандидат бараат (пишува во секој оглас) и во молбата објаснете што ве мотивира да аплицирате.
Во молбата на работодавачот му го нудите конкретниот придонес
Во кратката биографија сте навеле во што сте добри, а во молбата треба конкретно да го објасните тоа, односно да му опишете на раоботодавачот како вашето знаење може да му биде корисно токму на него. За да го направите тоа, треба да ги разберете специфичните барања на самата работа, визијата и целите на компанијата. Ако ја имате проучено компанијата и содржината на огласот, ќе ви биде многу лесно да го напишете тоа.
Молбата не ги повторува информациите наведени во CV-то
Таа ги нагласува информациите кои се изоставени од вашето CV или пак не се доволно изразени. Кратката биографија е документ што го опишува вашето целокупно искуство. Молбата е документ кој опишува кои делови од вашето искуство би можете да бидат од особен интерес за конкретниот работодавач на кој му се обраќате.
Во молбата е присутна одредена “лична нота“
За разлика од CV-то кое се пишува во подточки, во молбата употребувајте целосни реченици. Ова значи дека стилот на пишување може да каже многу за вас. Искористете го тоа! Наведете ги причините поради кои посебно ја цените компанијата во која аплицирате и причините поради кои вашето знаење би било од корист за тој работодавач. Задржете го професионалниот облик на комуникација и изоставете било кавки информации за вашиот приватен живот.
Во молбата наведете го работното место за кое аплицирате
Кандидатите многу често ја започнуваат молбата со фразата “Се пријавувам на Вашиот оглас...“. Компаниите многу често имаат повеќе од еден активен оглас па поради тоа наведете го називот на работната позиција за која аплицирате, се со цел вашата молба да биде разгледана во правилен контекст.