Rimac Grоup собра нови 500 милиони евра во новата инвестициска рунда. Клучните нови инвеститори се SoftBank Vision Fund 2 и Goldman Sachs Asset Management, со соучество на постојните акционери во компанијата, меѓу кои Porsche и InvestIndustrial. Со тоа пазарната вредност на компанијата надмина 2 милијарди евра.
„Почестени сме од поддршката од големите нови инвеститори како SoftBank Vision Fund 2 и Goldman Sachs Asset Management, кои веруваат во нашата визија. Благодарни сме и на Porsche и на InvestIndustrial, кои досега играа битна улога во нашиот успех, а сега ја зајакнавме поддршката со нови инвеститори. Додека ја реорганизираме Rimac Grоup, воспоставуваме нови производни процеси за да ја задоволиме глобалната побарувачка. Вработуваме нови 700 вработени само во 2022 година, отвораме нови канцеларии на повеќе локавии во Европа и го шириме производството во кампусот и на други локации. Поддршката од нашите стручни инвеститори ќе ни помогне компанијата да ја донесеме до наредната фаз аод животот. Сакам лично да им се заблагодарам на сите наши вработени затоа што без нивниот труд, преданост и нетузијазам немаше да бидеме овде каде што сме денес“ изјави Мате Римац.
Тој и понатаму е најголем акционер во компанијата, а Rimac Grоup има мнозинска сопственост во Bugatti Rimac со удел од 55%, додека останатите 45% се во сопственост на Porsche. Rimac Technology неодамна се издвои од групацијата и стана целосно независна компанија во стропроцентна сопственост на Rimac Grоup.
извор: inovativnost.mk