Vrabotuvanje.com ви ги претставува најатрактивните огласи на неделата
Проспер Топ ви овозможува одлична можност за вработување под одлични услови: минимална нето плата: 24.000 денари, месечни бонуси до 2.000 евра и можност за работно време од 6 часа. Потребни се Маркетинг агенти со познавање на германски, италијански или шпански јазик. Заинтересирани сте? Погледнете го огласот.
Сакате работа во банка? ПроКредит Банка ви го овозможува тоа, и тоа на топ позиција. За да ги зајакне своите капацитети во секторот за интерна ревизија, објавен е оглас за вработување на одлучна, одговорна и квалификувана личност на позиција Head of Internal Audit Department линк до огласот.
Немате факултет, но ги имате потребни вештини? Овој оглас е за вас! Штраус Компани вработува Сервисер/Механичар на виљушкари, а за возврат нуди месечна плата од 18.000 до 35.000 денари во зависност од искуството. Сакате да аплицирате? Кликнете тука.
Дали сте за работа со пола работно време (само 20 часа неделно)? Би сакале да станете дел од ведечка мултинационална компанија со преку 6.000 вработени? Аплицирајте на огласот за Агенти за телефонска продажба и Агенти за директна продажба на Mellon Solutions на следниот линк.
Националната телевизија ТВ21 е во потрага по комуникативна, претставителна, енергична и амбициозна личност за вработување на позиција Маркетинг директор. Платата е од 36.000 до 50.000 денари + провизија, а на огласот можете да се пријавите овде.
Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Поради тековните потреби, објавени се огласи за вработување на повеќе позиции меѓу кои: ИТ Специјалист за Модул Кредитно-Депозитно работење, ИТ Специјалист за систем за процесирање на платежни картички и ИТ Специјалист – Инженер за Бази на Податоци. Халкбанк АД Скопје е препознатлива по тоа што на своите вработени им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој. линк до огласот
Netcetera - водечка швајцарска софтверска компанија, која за своите клиенти ширум светот креира модерни продукти и специјализирани решенија, во моментов има потреба од повеќе вработени на тенички позиции за своите канцеларии во Скопје, Охрид и Битола. Сите огласи погледнете ги на следниот линк.
Ако имате минимум средно образование, познавање на работа со компјутери и искуство во директна продажба и притоа сакате да заработувате 30.000 денари месечно, имаме одлична работа за вас! Компанијата Upgrade вработува Продавач/Презентер, а вие може да аплицирате на следниот линк.
Шпаркасе Банка нуди минимална нето плата од 21.900 до 34.000 денари и работно време од понеделник до петок на кандидат кој ќе биде вработен на позиција: Помлад стручен соработник за население. линк за аплицирање
Тимот на Vrabotuvanje.com ви посакува успех и среќа во процесот на селекција.
Ги очекуваме вашите апликации!