Град Скопје повторено објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје.
Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:
– 1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози
– 2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.
Рокот за пријавување е до 11.06.2022 година.
На членовите од редот на лиценцирани лекари трауматолози и од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата, надоместок во висина од 25.000,00 денари, во нето износ.
Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот