Поради загадувањето, недостигот и поскапувањето на горивата, се повеќе расте интересот за алтернативни извори на горива за трактори. Со оглед на тоа колку се користи како земјоделско ѓубриво, амонијакот би можел да биде главниот кандидат за тоа.
Стартапот Amogy со седиште во Бруклин направи битен чекор во правец на замената на фосилните горива кај тракторите со друга алтернатива и во трактор од типот John Deere го стави својот енергетски систем со нулта емисија на гасови. Со тоа го создадоа првото товарно возило во светот на погон на амонијак.
Нивниот енергетски систем се состои од резервоар за складирање на амонијакот во течна состојба, кој потоа се носи во високоефикасни модули кои го делат на водород и азот. Водородот потоа се користи за погон на тракторот, кој може да вози неколку часа со едно полнење.