METALLISK лонче за еспресо со сигурносен вентил изработен од нерѓосувачки челик, може да се врати во која било стоковна куќа ИКЕА.
ИКЕА издаде вакво соопштение во кое наведува дека повлекува лончеза еспресо METALLISK од 0,4 литри со сигурносен вентил од нерѓосувачки челик, со ознака за датум помеѓу 2040 и 2204 година, бидејќи производот може да пукне при употреба.
Шведската компанија, исто така, апелира до сите клиенти кои поседуваат ваков апарат да престанат да го користат и да контактираат со ИКЕА за целосно враќање на парите.
-METALLISK лонче за еспресо со сигурносен вентил изработен од нерѓосувачки челик, може да се врати во која било стоковна куќа ИКЕА. Доказ за купување, односно фактура, не е потребен, стои во соопштението.
ИКЕА се извини за, како што наведоа, непријатностите што може да ги предизвика ова повлекување.