![НАЈНОВА АНАЛИЗА: ДОАЃА НЕВРЕМЕ КОН ДРЖАВАВА!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ca/621d6eac-resize-820x0x100.jpg)
Во текот на денешното попладне и рано вечерва ФЛОРИЈАН во склоп со влажна и нестабилна воздушна маса со потекло од црното море ќе услови променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град па во ваква ситуација ви препорачуваме да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимавате каде и како се движете.
Како што претходно напоменавме ФЛОРИЈАН ќе се задржи и во текот на следните денови и ќе условува нестабилно врмее со почести врнежи, грмежи и локално НЕВРЕМЕ.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.