Четвртина од 100 или прв „Сребрен“ јубилеј. Да, преубава бројка, преубав повод да ве поканиме на 25-тото издание на Моден Викенд Скопје
4 дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. И тоа не било каде, туку во Градскиот парк. Симболот на младите, на авантуристите, на македонската авангарда и андерграунд. Впрочем, сите оние модерни зданија во градот и оние урбани ликови кои му даваат толку големо значење на Скопје како метрополоа, сите доаѓаат од едно место. Од „улицата“. Или ајде, ќе бидеме малку поблаги, затоа што улицата многу знае да звучи егоцентрично, па дури и несфатливо за помладите генерации, па затоа, Градскиот парк нека биде поприфатливата метафора за сето она што е убаво во главниот град.
25-то издание на Моден Викенд под мотото: „Discover Who’s Next Graduation Show“ e за сите млади луѓе, за сите факултетлии, но и за сите оние бубачки и шумски ѕверки кои сакат да ја пренесат нивната приказна и порака преку модата.
Посетителите на овој „летен“ Моден Викенд ќе имаат чест за првпат да се запознаат со Националниот младински совет на Македонија, вклучително и Првиот саем за вработување млади во модната индустрија.
Главен партнер на ова јубилејно издание на Моден Викенд е СН Осигурителен Брокер АД Битола. За атмосферата и комфорот ќе се погрижат Smart Living, Lotus Lounge Chair и винарија Камник.
Официјална вода на настанот е Велинград Алкалија со висока pH 9,36 - водата e совршен придружник на вашите секојдневни активности! Oд душата на планината!
За фризурата ќе се погрижат Revlon Professional, K18 додека пак, за шминката тука се Farmasi, заедно со Школата за убавина „Арт“. Пријател за нега и убавина ќе биде француската медицинска козметика Uriage, додека пак официјална обувка на настанот е брендот Carnival.
Позади графичкиот идентитет на настанот стои Јана Марковска со креативнотот студио DO:MORE, додека 3Д анимираниот концепт е дело на Ѓорѓи Десподов.
Stay young, stay proud!
Следете на на социјалните мрежи да дознаете кој се ќе продефилира на јубилејниот 25-ти Моден Викенд Скопје.
Се гледаме за брзо!