Ако сте хигиеничар, во моментов најлесно ќе најдете работа во Македонија. Најновите податоци на Агенцијата за вработување говорат дека во моментов има дури 666 слободни работни места за занимањето хигиеничар на станбен и деловен простор.
Особено големите компании со големи работни површини, кои секако дека се принудени да ги користат услугите на хигиеничарите. Токму затоа за хигиеничарите на станбен и деловен простор засега „нема зима“, бидејќи работните места кои се слободни за тоа занимање, во моментов се дури 666 на број.
Следуваат и многу други занимања на листата, но за нив веќе има многу помалку работни места. Па така, за занимањето келнер се отворени 250 работни места, додека, пак, за постојано бараната професија - возач на камион, во моментов има 203 слободни работни места.
Се барале и шанкери, возачи на такси и готвачи, со 128, 126 и 116 слободни работни места, соодветно, покажува најновата анкета.
Занимањето програмер, пак, кое и натаму останува да биде најплатено, е на деветтата позиција по бараност, и за него има отворени 103 слободни работни места.
Следуваат контролор за квалитет на производство, фармацевтски техничар и возач на товарно возило со 94 слободни места, потоа администратор со 92, возач на лесно доставни товарни возила со 83, фармацевт со 82, магационер со 79, бравар со 75, градежен работник со 73, и уште неколку занимања за кои има по над 50 слободни работни места.
Кога станува збор за слободни работни места по дејности, пак, на прво место е трговијата на големо и мало, како и поправките, со 1.281 слободно место, а по неа следува преработувачката индустрија, со 1.116 места.
На трето место се административни и помошни услужни деј ности, со слободни 757 места, а во објекти за сместување и сервисни дејности со храна се бараат 665 работници. Во градежништвото има 628 слободни работни места.
Додека, пак, ако се гледа по градови, Скопје е прв, со слободни 3.822 работни места. На второ место е Тетово, со 420, а на трето Куманово со 366 слободни места.
извор: faktor.mk