Сегашната цена од околу 300 денари за половина килограм свински врат за две три недели може да рипне за околу 100 денари и граѓаните 500 гр врат за некоја недела да ги чини 400 денари.
Ова ќе се случи доколку владата не ја укине царината, предупредуваат месните и меснопреработувачките индустрии. Додека се плаќа царина, иако веќе подолг период поскапува се од струја до леб, на веќе поскапеното свинско месо ќе има и дополнителен раст до 30 %, ама ќе се отпуштаат и работници, а некои од месопреработувачките капацитети ќе стават и клуч на врата. Поради ова тие бараат итна средба со властите.
Месопреработувачите децидни, велат не молиме за помош или субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување со регионот и Европа.
Инаку, мерката за укинување на царината за замрзнато свинско месо наменето за преработка во изминатите две години се обновуваше на шест месеци, но последниот пат со завршувањето на рокот, од јуни не е продолжена.