На Косово му недостигаат анестезиолози
Платата на анестезиолог кој работи во косовското јавно здравство е 630 евра. Во приватните здравствени установи анестезиолозите заработуваат неколкукратно повеќе.
Ниските примања и лошите услови за работа се главните причини поради кои многу здравствени работници со години го напуштаат Косово и заминуваат во земјите од Европската унија.
Истите се причините и за оние кои се повеќе го напуштаат јавното здравство и преминуваат во приватниот здравствен сектор.
А меѓу оние кои најмногу ја менуваат работата се анестезиолозите.