Ширум светот скоро 69.000 супербогаташи држат 15% од финансиските средства кои можат да се инвестираат. Вредноста на имотот, вклучувајќи ги недвижностите и златото, порасна за 11% на 13.000 милијарди долари во 2021 година.
Според студијата која ја објави Бостон Консалтинг Груп (БКГ), вкупното светско богатство порасна за 10,3% во 2021, на 473.000 милијарди долари, благодарение на процветот на берзата. Станува збор за најголем пораст на бројот на супербогати поединци, кои БКГ ги дефинира како лица со имот вреден над 100 милиони долари. Бројот на вакви супербогаташи во наведениот период порасна за скоро 300 лица.
Најмногу супербогаташи има во САД – 25.800, потоа во Кина – 8.500, а Германија е на трето место. Ширум светот скоро 69.000 супербогати поединци држат во свои раце 15% од финансискиот имот кој може да се инвестира.
Вредноста на материјалниот имот, кој вклучува недвижносто, уметнички дела и злато, порасна за 11% – на 13.000 милијарди долари во 2021 година. И покрај економските последици од војната во Украина , извештајот на БКГ предвидува натамошен раст на богатството во целиот свет, а се очекува силен раст најмногу во Азија.
Ако руско-украинскиот воен конфликт заврши оваа година, се очекува глобалното богатство да порасне за 5,3% годипно и би достигнало вредност од 80.000 милијарди долари до 2026 година. Оваа студија пресмета дека растот ќе биде околу 5% доколку воениот конфлик продолжи и понатаму.