Граѓаните ќе имаат можност да добијат по 3.000 денари за набавка на велосипеди и по 5.000 денари за електрични тротинети.
Во официјалниот повик ќе бидат објавени сите потребни информации за аплицирање, а она што е важно да се нагласи дека за важечки ќе се сметаат сите приложени сметки од оваа календарска година, независно дали велосипедот или електричниот тротинет се купени пред или по носењето на одлуката за доделување на средствата, информираат од општина Аеродром.
Со оваа мерка, покрај тоа што финансиски им се помага на граѓаните, истовремено го поттикнуваме користењето на алтернативни и еколошки средства за превоз, со што дополнително се дава придонес во борбата за заштита и зачувување на здравата животна средина.
извор: skopjeinfo.mk