Додека сте на жешкото столче за време на интервју за работа, постои можност регрутерот да го смени правецот на разговорот и да праша ве: „Имате ли вие некое прашање за мене?“
Кога топката е во ваши раце, ќе сакате целосно да ја искористите можноста да покажете дека сте ја завршиле домашната задача и да одредите дали работата е соодветна за вас.
Сепак, многу е важно да размислите за вашите прашања, како и за одговорите што им ги давате на потенцијалните работодавачи, од едноставна причина што вашите прашања го одразуваат вашето знаење за компанијата, работната етика, нивото на професионалност и интересот за позицијата.
Единствената цел на интервјуто е да се утврди дали сте соодветен кандидат за компанијата и обратно. Сите други проблеми и грижи треба да се решат откако ќе се добие понудата за работа.
Еве 22 прашања што би требало да ги избегнете за време на интервју за работа, бидејќи тоа ќе направи повеќе штета отколку корист:
Што работи вашата компанија?
Ваквите прашања ќе направат да изгледате неподготвено. За да го избегнете ова, никогаш не прашувајте нешто што може леснода го дознаете со пребарување на Google.
Колку ќе ми биде платата?
Одложете го разговорот за плата. Доколку прерано го посавите ова прашање, испраќате порака дека сте арогантни и груби.
Дали ќе треба да работам многу часови?
Ова вели: „Јас сум мрзлив/а“.
За колку време ќе можам да одам на одмор?
Планирањето на слободното време пред да се вработите, испраќа сигнал дека не сте посветени на она што го работите.
Колку брзо можам да добијам унапредување?
Фокусирајте се на работата што ви се нуди, за почеток.
Што ќе се случи ако не се согласувам со мојот шеф или колеги?
Секој што ќе ве интервјуира може да помисли дека сте имале проблеми со колегите претходно - веројатно ќе претпоставува дека е тешко да се работи со вас.
Кои се бенефициите кои ги нудите?
Подобро е да го зачувате ова прашање за крај на процесот, кога ќе биде јасно дека ќе добиете понуда. Покрај тоа, компаниите често ги пишуваат своите бенефициски програми на нивните сајтови или во самите огласи за работа, така што овие информации може да ги нанјдете и без да прашате.
Кога ќе можам да добијам покачување?
Така се добива впечаток дека парите се единственото нешто за што се грижите.
Може ли да дојдам порано или да заминам подоцна додека ја работам мојата работа?
Не се обидувајте да го менувате распоредот пред воопшто да ви биде понудена работата.
Дали сте во брак? / Дали имате деца?
НИКОГАШ не поставувајте лични прашања!
Дали ги проверувате профилите на социјалните мрежи?
Кандидатите за работа секогаш треба да претпоставуваат дека работодавачите ги прегледуваат нивните профили на социјалните мрежи. Ваквото прашање може да биде црвено знаме, а работодавачот може да се запраша дали постои опасност кандидатот да го загрози имиџот на компанијата.
Дали ги проверувате податоците за кандидатите?
Прашање кое ги буди истите сомнежи како и претходното.
Дали ги следите мејловите и користењето на интернет?
Прашање кое дефинитивно ќе го натера работодавецот да се запраша дали сте добар избор.
Дали ќе имам своја канцеларија?
Дали навистина е важно?
Го слушнав ова за извршниот директор. Дали е вистина?
Никогаш не треба да спомнувате озборувања на интервју за работа. Тоа е крајно непрофесионално.
Во кои случаи се добива отказ?
Не е добра идеја да го натерате потенцијалниот работодавач да размислува за отпуштање пред да ве вработи, нели?
Може ли да остварувам лични повици во текот на денот?
Ова значи дека не сте 100% фокусирани на работата.
Може ли да седнам покрај прозорецот?
Сè уште не ви е понудена работа, а веќе имате посебни барања? Ова прави да изгледате многу вообразено.
Дали тоа навистина ќе биде дел од мојата работа?
Ниту еден опис на работното место не е врежан во камен, а ако зборувате од почеток дека не сте спремни да направите повеќе од она што го подразбира вашата работна позиција, покажува дека не сте тимски играч.
Може ли да работам од дома?
Многу работни позиции кои се вршат од дома тоа го имаат нагласено во самиот конкурс. Ако не, можете да претпоставите дека ова не е опција.
Каков/ва бев на интервјуто?
Ако навистина сакате повратна информација, почекајте додека не добиете позитивен или негативен одговор, а потоа прашајте што е тоа што сте го направиле добро и каде сте можеле да бидете подобри.
Дали ја добив работа?
Ова прашање остава впечаток на желба за работа која се граничи со очај. Дополнително, тоа покажува дека немате разбирање за тоа како функционира светот на бизнисот.
Бонус: Најлошото прашање е она што никогаш не го поставувате.
Непоставувањето никакви прашања може да биде исто толку лошо или полошо отколку да поставувате лоши прашања. Може да открие многу за вашите комуникациски вештини, личност и самодоверба, а вие да оставите полош впечаток.