Со ребалансот на Буџетот се предвидуваат покачувања на платите за здравството, високото образование, основното и средното образование и детската грижа, правосудството и Министерството за внатрешни работи. Исто така, се предвидуваат средства за субвенционирање на придонесите за покачување на платите во приватниот сектор, посочи во гостување на Тв 24, министерот за финнсии.
Со ребалансот на буџетот се планира растот на платите да достигне од 15% во правосудството, средното и основното образование и детската грижа, 7% раст на платите во високото образование и 5% раст на платите во МВР и здравство.
Во однос на барањата на дел од синдикатите за покажување на платите во јавниот сектор, надлежните посочија дека преговорите се во тек.
извор: centar.mk