Измените на Правилникот за обновливи извори на енергија излегоа во Службен весник и тоа значи дека од 1 јули се отвара патот за поголемо искористување на сончевата енергија. Нема ограничувања за тоа кој се може да му продава електрична енергија на универзалниот снабдувач.
Според измените, струја нема да може да продава во електродистрибутивната мрежа само оној кој нема договор, односно оној кој е приклучен на снабдувачот во краен случај. Секое домаќинство и станбени згради за колективно домување, како и фирмите, поединците и буџетските корисници ќе може со поставените фотоволтаици да произведуваат електрична енергија и вишокот да го продаваат.
Домаќинствата и зградите ќе може да инсталираат постројки до 6 киловати, со тоа што зградите ќе може да ја користат електричната енергија само за заедничките делови. Фирмите, односно малите потрошувачи, ќе може да инсталираат фотоволтаици до 40 киловати.
извор: vecer.mk