По еноромното поскапување на цените од страна на трговците на почетокот на месецов, членови на Владата се заканија дека имињата на компаниите ќе бидат јавно објавувани поради неетичко работење и големи профитни маржи.
Министерот Бектеши најави дека на следната владина седница ќе се усвои Предлог закон за заштита на потрошувачите со кој казните нема да бидат само парични а глобите ќе бидат повисоки. Додаде дека тоа е во согласност со европската регулатива.
- Има компании кои заработуваат и по 80 отсто на одредени производи и им се исплатува да платат казна и да продолжат со истата нечесна практика. Сега веќе, со новото решение ќе се соочат и со друг тип на казни, ќе има затворање на компании, јавно ќе ги обравиме компаниите, а ќе има и забрана за вршење дејност, рече министерот во емисијата „Утрински брифинг“.