Египетските власти одлучија да ги укинат сите ограничувања за влез на странски туристи и граѓани поради коронавирусот.
Оваа одлука е донесена врз основа на подобрување на епидемиолошката состојба и добра стапка на вакцинација.
За влез во Египет, според досега важечките мерки, потребна е потврда за вакцинација на една од вакцините одобрена од Светската здравствена организација (СЗО) или руската Спутник или негативен ПЦР тест.