Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37 отсто во однос на одлуката од 13 јуни.
Од Регулаторна информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 2,407 отсто, додека зголемување има кај дизелот за 1,078, кај екстра лесното масло за 0,346 отсто и кај мазутот има намалување е за 0,102 проценти.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се сменија, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 2,00 ден/лит.
Од 18 јуни од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 111,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 113,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,488 проценти.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.