Владата на Србија донесе уредба за вонредна интервентна мерка за поддршка на производителите на брашно.
Поддршката ќе се однесува на производители регистрирани за вршење на дејност мелење до 15 ноември 2021 година, а кои испорачале брашно во пакувања до пет килограми (вклучително и пет килограми) од типот Т-400 мазно и Т-500.
На тој начин ќе се задржи досегашниот обем на производство на брашно и ќе се спречи потенцијално нарушување на пазарот што може да доведе до недостиг, се објаснува во соопштението.
Освен ова, изменета е и Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која за да се олесни извозот на овој вид производи, сега се воведуваат квантитативни ограничувања на извозот на квартална основа наместо на месечно, како што беше случајот досега.
– Оваа мерка е донесена со цел да се спречи недостиг на тие производи – пишува во соопштението.
извор: zelenaberza.com.mk