Македонија се соочува со сериозен недостиг на работници. Најпогоден е угостителскиот сектор, но не се исклучени и големите производствени фабрики, големите и мали трговци, ланци на супермаркети... Се помалку работници остануваат дома, се повеќе се иселуваат, па ако се продолжи со ова темпо на работа, ќе дојде и денот кога нема кој и кафе да не послужи. Како да се надмине овој предизвик со кој се соочува пазарот на трудот?
На ова прашање одговор добивме од Генералниот менаџер на Вработуавање.ком Дарко Велков во неговото интервју по повод 19 годнини Вработување. ком
Тој вели вака- „Притисокот ќе биде голем до средина на септември, ќе биде тешко се додека да се вратат оние кои отишле на сезонска работа во Хрватска, Словенија и сл. Но, од друга страна пак неизвесно е колку тие повратници ќе можат да најдат стабилни работни места или да се вратат на истите, бидејќи веќе некој има на тоа место. За жал сведоци сме и дека голем дел на административци одат на боледување или земаат неплатен одмор и одат да работата Хрватска, па после си се враќаат на старите позиции.
-А во однос на тоа како ќе се менува пазарот, неопходно е Македонија да навлезе во процесот на Автоматизација- Заклучува Велков
Угостителство заради недостаток на работници ќе прејде кон самопослужување, ќе се намали број на вработени и на бензинските пумпи па ќе се оди кон самопослужување ќе имаме дигитализација на каси, наплатните шалтери ќе бидат заменети со автомати или ќе се оди исклучиво кон онлајн плаќање. Компаниите, продажбата ќе ја прават со помош на Data Science експерти и секој потрошувач ќе добива Дигитализирано обработена понуда врз основа на неговите потреби, а не од човек...
Рударската индустрија ќе мора да се автоматизира, а исто така и градежната - Градежните работници стареат, а младите на сакаат да работат тесарски работи.- се надоврзаува Велков
Но, голем и реален проблем вели Велков е прекубројната Администрација-Трендот на немањето работници коj владее последниве неколку години, може да се бара и во бројноста на администрацијата каде што се вработени најголемиот дел од луѓето. Време да се едуцира и да се зборува за неконкурентноста на администрацијата. Таму е вработено најголемиот дел од работоспособното и квалитетно население, кое ете заради сигурна плата останува и ја губи способноста и за напредок и за конкурентнтност на пазарот. За жал овие неколку години притосокот со недостаток на работници се зголемува, а се зголемува и притисокот за државата за исплата на овие луѓе.
За жал голем дел од нив речиси и ништо и да не работат. Се случува да „одат“ на работа, и овие наводници не се случајни, бидејќи ништо не работат и не стекнуваат никакви вештини и ако се случи да бидат отпуштени не можејќи да се снајдат тука, она што им останува е да бегаат во странство. Секоја година има најава за намалување на администрацијата и мислам дека тоа треба конечно да се случи. Барем за 40 проценти. Буџетот на државата ќе биде под помал притисок, а компаниите ќе го решат проблемот со недостатаок на работници. Затоа што платите на работниците во приватниот сектор растат и тој раст ќе продолжи.
Повеќе за анализата на пазарот на трудот и трендовите од HR секторот прочитајте во интервјуто на Дарко Велков - Генарален Менаџер на Вработување. ком