![Сончево и топло со мала локална облачност и температури до 34 степени](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/9a/cdb6f0a9-resize-820x0x100.jpg)
Денеска се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ=8
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне до 32 степена.