Ланецот на супермаркети – Жито Маркети најавува проширување на својата продажна мрежа и отворање на нови маркети на повеќе локации во Скопје. Жито е најбрзо растечкиот малопродажен синџир во Македонија со постојан раст на уделот на пазарот.
Компанијата “Жито” располага со 60 маркети низ Македонија и тим од преку 900 вработени, а од компанијата изјавија дека постојано работат на својата експанзија и отворање нови продажни објекти низ цела Македонија.
Новите маркети во Скопје се во завршна фаза на подготовка пред отворање, а од Жито Маркети најавија голем број нови вработувања.
Сите маркети на Жито се дизајнирани и опремени во согласност со најновите европски стандарди за пазарење. Она што го прави Жито посакуван работодавач се и бројните бенефиции и бонусни програми кои компанијата им ги нуди на своите вработени.
Што значи да се биде дел од тимот на Жито Маркети
Бонусна програма на Жито Маркети опфаќа финансиски буџет кој го поседува секој супемаркет, а секој вработен добива бонус во зависност од учиникот за тековниот месец. Исто така раководителите добиваат дополнителни финансиски стимулации и квартални бонуси.
Жито е една од ретките компании од оваа дејност кои имаат и Програма за лојални вработени која опфаќа:
- обезбедено приватно здравствено осигурување за сите лојални вработени
- одбележување на родендени со пригодни подароци за секое дете на вработен до 5 годишна возраст
- на месечно ниво до 1 година за секое дете на вработен се обезбедуваат најнеопходните потребни работи како пелени и влажни марамици
- одбележување роденден со пригоден подарок за секој вработен
- пакет производи за најголемите верски празници
- вредносен ваучер за склучување брак
- дополнителна финансиска стимулација за сите вработени кои се над 10 години во компанијата
- животни полиси за менаџерите
- исплата на к15 повисок од пропишаниот
Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати за работа во новоотворените Жито Маркети во Скопје да аплицираат на мејлот vrabotuvanje@zito.com.mk