Дебарски Бањи - Цапа е пример за емпатија и грижа за вработените во тешки услови кои на ова банско лекувалиште му ги наметна корона кризата. Втора година по ред менаџментот предводен од најголемиот акционер се откажува од своите примања во корист на работењето на друштвото. При тоа успеа во овој период да не отпушти ниту еден вработен, а при тоа лани ги врати платите на сите вработени на стандардно ниво иако во 2020 година заради корона кризата ги намали за 20 отсто
Менаџментот на познатото македонско банско лекувалиште „Дебарски бањи -Цапа“ направи уште еден потег што ретко се гледа на овие простори. Во корона кризата која тешко ја погоди нивната дејност во 2020 година и лани менаџментот се откажа од своите примања кои опфаќаат паушали, награди и бонуси. Тоа било направено со цел да се надминат тешките последици од кризата и средствата да се наменат пред се за плати на вработените.
Оваа компанија во кризата не отпуштила ниту еден вработен, а минатата година успеала да ги врати платите на сите вработени на стандардно ниво кои во претходната 2020 година заради кризата ги намалиле за 20 отсто.
Сите овие детали се објавени во извештајот за годишното работење на компанијата што е достапен на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=60030
Во него е наведен следниот цитат во однос на превземените мерки со кои одборот на директори се откажува од своите примања :
„Како претходната година така и во 2021 година членовите на одборот на директори поради ситуацијата во која се наоѓаше друштвото поради пандемијата Ковид 19 како и поради фактот што ситуацијата уште не е стабилна и подобрена со цел да се задржат сите вработени на работните места иако се работи само со дел од подружниците и дел од вработените самоволно со потпишена изјава ги ставија на мирувања примањата по основ на месечен паушал за неизвршните членови на одборот на директори како и менаџерските договори за извршните директори.“
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: faktor.mk