Во Австрија ќе се укинат задолжителните вакцини против коронавирус, најави денеска министерот за здравство Јоханес Рауч.
– Никој не се вакцинира поради задолжителната вакцинација (закон), објасни Рауч, и покрај заканата за парична казна. Вчера само 140 луѓе ширум земјата го примија својот прв третман за коронавирус.
Задолжителната вакцинација веќе беше ефективно ставена во мирување во Австрија.
-Луѓето мораа да бидат убедени во потребата од вакцинација. И тоа можеме да го постигнеме само кога е на доброволна основа, нагласи Рауч.