Гужва на граничниот премин Богородица. Колони возила чекаат за излез од државата. Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица каде време на чекање е околу 15 минути.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, велат од АМСМ.