Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, вели Славчо Попоски во временската прогноза за Утрински брифинг.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.
Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.
Ув-индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.
извор: slobodenpecat.mk