Од продажбата на биоразградливи ќеси за само четири месеци се собрани над 44,7 милиони денари или над 720.000 евра, информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП).
Од продажбата на биоразградливи ќеси за само четири месеци се собрани над 44,7 милиони денари или над 720.000 евра, информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП). Станува збор за периодот од 1 декември лани до крајот на март 2022 година, при што пресметките и уплатите на трговците од продажбата на пластични ќеси се вршат на секои три месеци и допрва ќе се објават податоците за вториот квартал.
Општините треба да информираат за локациите за собирање на селектираниот отпад
Со обезбедениот финансиски фонд од продажбата, планирано е поставување на контејнери за селекција во сите општини, а распределбата ќе се прави според определена методологија и број на жители во општините.
Покрај тоа што ќе се набават контејнери за селекција на отпад од продажбата на ќесите, во меѓувреме ќе се работи со општините кои треба да склучат договор со колективниот постапувач за да биде обезбедено собирањето на селектираниот отпад.
Целиот текст прочитајте го на meta.mk