Секоја недела кафето во Грција има повисоки цени. Сопствениците на кафулиња, барови и таверни велат дека се принудени да ги приспособат цените бидејќи трошоците растат.
Кафето кое минатото лето се продаваше на плажа за 2 евра, сега чини 4 евра. Во различни ресторани цените се различни, но секогаш повисоки од порано, се жалат муштериите.
И производителите на облека и обувки велат дека се принудени да ги зголемат цените и очекуваат пад на прометот.
Од 1 јули се очекува нов бран поскапувања што ќе ја опфатат не само храната, предупредуваат економистите.
Во Грција веќе се зборува за „енергетска сиромаштија“. Истражувањето објавено денеска покажува дека секое второ грчко семејство има тешкотии да ја плаќа струјата, а третина од Грците се лишуваат од храна за да ги покријат долговите.