Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со иницијативата за склучување на Меморандум за електронска размена на податоци помеѓу Царинската управа и Независниот орган за јавни приходи (НОЈП) на Грција и го прифати усогласениот текст на Меморандумот.
Со овој Меморандумот за разбирање, во согласност со законодавството на ЕУ и националните законодавства од областа на размена на податоци, се овозможуваат мерки за олеснување на патниот сообраќај на Зелените коридори, мерки против царински измами, забрзување на царинските постапки, како и намалување на потребните документи и царински контроли, соопшти владината Прес-служба.
извор: lider.mk