Зголемувањето на трошоците за живот, поради секојдневниот пораст на цените на храната, нафтата, поскапата струја и најавата за раст на цената на парното, ќе го големи бројот на лица кои ќе бараат помош од државата.
Од министертвото за труд веќе кројат мерки за да им помогнат. Во моментов 36,000 домаќинства живеат од социјална помош, од кои 6.000 се новозапишани од минатата година, кои ја изгубиле работата поради Ковид пандемијата. Од министерството сега не очекуаат толкави бројки, затоа што не с е очекува затврорање на фирмите, туку граѓаните , поради високите цени за живот, ќе немаат пари да го преживеат месецот.
Според последните податоци на статистиката, во 2020 - та година четвртина од граѓаните, однсоно 452 илјади живееле под прагот на сиромаштија. Месецот го туркале со 5,600 денари. Сиромаштијата ја чувствуаат најмногу четиричлените семејства но и младите до д 17 години. Инаку, за да се задоволат основните месечни потреби, на едно домаќинство месечно му се потребни речиси над 38, 800 денари.
извор: sitel.com.mk