Речиси 30 илајди работници се уште немаат земено плата за мај. За околу 17 илјади биле поднесени пресметки за исплата, а за над 10.000 газдите воопшто не поднеле МПИН образец. Управата за јавни приходи нема информација од кој сектор се работниците кои останаа без приходи да го поминат месецот, но против работодавачите поднесени се опомени. Ако не им ги исплатат парите, ќе заработат блокада на сметка.
Најчесто, се повторуваат работодавачите кои си тераат по истиот терк. Но тоа не значи дека можеби намерно го прават тоа, можеби немаат доволна ликвидност во своето работење за да исплатат плати. Меѓутоа ние сме тука да бурно ја следиме состојбата. Жално е што во вакво време, се објавуваат вакви бројки.
За претходниот месец пак, април, бројките се двојно пониски. Скоро 12.500 работници останале со кратки ракави за сработеното. Во време кога трошоците за живот секој месец се се повисоки, вработените остануваат без пари за она што веќе го сработиле. Изминатиот период, според податоците на УЈП, без плати најчесто остануваа оние кои земаа минималец, пред се од текстилниот сектор.
извор: sitel.com.mk