Новиот пат Кардик - Делвина во Албанија, кој го скратува времето на патување до Саранда, денеска е пуштен во употреба.
Министерката за туризам и животна средина на Албанија, денеска објави фотографии од оваа патна делница, за која најави дека од денеска ќе биде отворена за сите граѓани, со што крајбрежјето ќе биде многу блиску.
„Патувањето од Ѓирокастро до Делвина, па потоа до Саранда со новиот пат од денеска ќе биде отворено за сите граѓани, со што крајбрежјето ќе биде многу блиску“, напиша министерката на социјалните мрежи.
Дел од овој пат е и тунелот Скерфица.
извор: faktor.mk