Неочекувано успешен старт на туристичката сезона на брегот на Охридското Езеро. Хотелиерите и угостителите задоволни. Сместувачките капацитети во Охрид и Струга бележат целосна исполнетост. Очекувањата на туристичкиот сектор се 2023-та година да се достигне и надмине рекордот на туристи од 2019-та година...
Двата туристички центри на охридското крајбрежје бележат целосна исполнетост со голем број гости од соседството и странство. Најбројни се Холанѓаните, Полјаците, Турците и Србите.
Агенцијата за туризам очекува 400 милиони долари приходи од туризмот оваа година.
Очекувањата на туристичкиот сектор се следната, 2023-та година да се достигне и надмине рекордот на туристи од 2019 година, кој изнесуваше околу 1.190.000.ж