Каде да избегате од летните горешнити и колку ќе ве чини освежувањето пропратено со забава и рекрација, можеби и спорт?
Влезницата за Базен Аеродром чини 300 денари, а базенот е оворен за посетителите секој ден од 10-18 часот.
Од минатата недела со работа почна и скопскиот Аква Парк во склоп на СП „Јане Сандански“.
Цената на билетите е за деца до 7 години 200 денари, а за сите останати 500 денари за работните денови и 600 денари за деновите од викендот. Влезот за деца до 3 години е бесплатен. Аква Паркот работи секој ден од 10-18 часот.
Во околината на Скопје може да изнајмат вили со надворешни базени за целодневно уживање. Цените се движат од 50 евра нагоре.