Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати.
Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјавиja од РКЕ.
Со тоа што, дизелот ќе чини 103,5 денари по литар а бензините 108 односно 110,5 денари.
Во однос на новиот тарифен модел за струјата, РКЕ појаснија дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, би било од 150 до 200 денари.
извор: centar.mk