Додека граѓаните на Германија се соочени со поскапувањата и мора да штедат, платите на политичарите во таа земја од утре се зголемуваат.
Од 1 јули платите на пратениците во Бундестагот ќе бидат зголемени за 310,40 евра.
Од зголемувањето на платите во Бундестагот профитираат и членовите на владата затоа што многумина од нив имаат и натаму свој пратенички мандат.
Така канцеларската плата првпат ќе надмине 30.000 евра месечно.
Олаф Шолц од петок ќе добива плата од 30.132,81 евра, соопштено било од Владата по пат на AFD.
Вицеканцеларот Роберт Хабек ќе добива плата од 25.573,08 евра, колку што се и примањата на министрите за надворешни работи Аналена Бербок и Кристијан Линднер.
Министерката за одбрана Кристина Ламберт мора да се задоволи со „само“ 20.435,57 евра месечно, а причината за пониските примања е фактот што таа нема пратенички мандат. Според германски „Bild“, моменталната „семафор“ коалиција е најдобро платената германска влада на сите времиња.