Секое прваче во оваа општина ќе добие по 3.500 денари
Критериуми за доделување на еднократната финансиска помош се двајцата родители да бидат со живеалиште на територија на општина Аеродром и детето да е запишано во едно од основните училишта во Аеродром. Родителите ќе треба да достават до општината копија од лична карта, извод од матична книга на венчани, потврда за упис на нивното дете во училиште и копија од трансакциска сметка.
Средствата на родителите ќе им бидат исплатени кон крајот на август.
извор: sdk.mk