Малото куче Оли на едно семејство му донело вистинско богатство
Не станува збор само за емоционалната исполнетост што ја носи едно милениче, туку за нешто на кое не се надевале ни во најубавите соништа.
Имено, при првата прошетка на малиот Оли со неговиот газда Адам Кларк од Блекпул, кучето ископало дури 15 златни монети кои датираат од 19-ти век. Нивната вредност била проценета на дури 7.200 американски долари.
Патем, кучето го купиле минатиот месец и припаѓа на расата лагото ромањоло, позната по развиениот осет за мирис и умешност за пронаоѓање на закопани работи, особено тартуфи. Семејството не ја криеше радоста не само заради богатството што им го донесе кученцето, туку и заради новиот член на семејството кој го нарекоа „Ловец на богатство“.