Црвен аларм за угостителски кадар. Недостасуваат 20.000 туристички работници. Комората најде решение за 5 илјади, обезбедени се од Турција, но бараат државата да помогне – односно да им обезбеди статус за вработување.
Македонците заминаа да работат во Храватска, Црна Гора и Словенија. Причина – повисоките плати, кои во моментов нашите хотелиери не можат да им дадат.
Сите би ги прифатиле македонските плати кои, всушност се слични со оние во Турција поради кризата и падот на лирата. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје.
Недостигот од кадар може да предизива половина од туристичките капацитети за една година да стават клуч на врата. Ако пандмијата само во главниот град затвори 100 објекти, сега и поради немањето работници, но и поскапата струја, која ја трошат од 1 ви овој месец, ќе доведе до поразителни бројки.
Од Туристичко угостителската Комора бараат да се формира посебно министерство за туризам, каде би се адресирале сите проблеми со кои се соочува бизнисот.
извор: sitel.com.mk