Светските цени на храната благо паднаа во јуни трет месец по ред, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Индексот на цените на храната пресметан од ФАО во јуни во просек изнесувал 154,2 поени, што е за 2,3 отсто помалку од мај, но во однос на истиот месец во 2021 година останал за 23,1 отсто повисок, се наведува во извештајот објавен на веб-страницата на оваа агенција на ОН.
Јунскиот пад на индексот е одраз на пониските меѓународни цени на растителните масла, житарките и шеќерот, додека цените на млекото и месото пораснаа.