Лицата со посебни потреби повеќе од една деценија бараат плажа погодна за нив. Изработени се неколку проекти, одредени се локации на брегот на Охридското езеро, но досега не е преземено ништо, велат од Здружението „Мобилност“ за ТВ 21.
Со години овие лица се соочуваат со пречки, а неодамна надлежните им рекле дека езерото е под заштитна на УНЕСКО и дека е не е можно брегот на езерото да се бетонира.
Но, од здружението се на став дека има алтернативни решенија, како што е во поразвиените земји каде плажите за лица со телесен инвалидитет функционираат без никаков проблем.
Оваа категорија граѓани, наместо да летуваат во нивната држава, тие патуваат во соседните земји поради тоа што немаат услови на плажите во нашата држава.
Велат доколку се обезбедат услови за пристап до езерото, тоа би привлекло и странски туристи. Се надеваат дека еден ден и тие ќе можат без никаква пречка да се капат водите на Охридското езеро.
извор: mk.tv21.tv