Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги изминатиов месец ги одзеде трите лиценци на компанијата БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што голем дел од граѓаните на Скопје си го поставија прашањето на кој начин ќе ги затоплуваат нивните домови во претстојната грејна сезона.
Од РКЕВУ за Мета.мк потенцираат дека одземањето на лиценците не значи дека компанијата БЕГ ќе престане да ги исполнува обврските кон своите потрошувачи во Скопје.
„Практично сè додека не се избере нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија“, појаснуваат од РКЕВУ.
По одземањето на лиценците, Законот за енергетика вели дека Владата на РСМ ќе треба да го распише јавниот повик за избор на нова компанија што ќе ги дава услугите за кои досега беше задолжен БЕГ.
Повеќе на темата, прочитајте на meta.mk