Регуларно по две недели денес РКЕ ќе ја соопшти новата цена на горивата во Македонија.
Со минатата одлука поевтинија бензините за денар.
Со новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалија за 1 денар во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.07.2018 година и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 7,00 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за еден ипол денар и изнесува 62,50 ден/лит како и малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое се намали за еден денар изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 изнесува 33,897 денари. Останува да видиме како ќе се движат цените на горивата во следните две недели.