Вo Бранденбург, Германија, по прв пат здравствениот сектор воведе забрана за влез за двајца вработени кои не се вакцинирани против корона вирусот. На тој начин биле спречени да дојдат на работа.
Портпаролот на Министерството за здравство потврди деа ова се првите два случаи во сојузната држава за кои е забранет влез во болница затоа што не се вакцинирани. Вакцинацијата за здравствениот персонал е задолжителна од средината на март оваа година.
Како што пренесуваат локалните медиуми, во округот Одер-Шпре од пред неколку дена е забранет влез за две лица кои ни во иднина не планираат да се вакцинираат против корона.
Бидејќи раководството на установата соопштило дека ангажирале соодветен заменски кадар, нема недостиг на персонал и причини за уште едно избегнување на задолжителна вакцинација.
На средината на март годинава вработените во домовите за стари лица и на клиниките, во ординациите, бабиците, масерите и физиотерапевтите мораше да докажат дека се целосно вакцинирани против корона вирусот или дека неодамна закрепнале од истиот.