Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возачи.
Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 43 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
извор: mrt.com.mk