Најмоќните земји на Стариот континент се подготвуваат за мрачно сценарио кое во секој момент може да го прекине протокот на гас.
Европската унија (ЕУ) се соочи со најтешката криза во својата историја, откако ги прекина многуте енергетски врски и со тоа ги доведе своите граѓани во ситуација кога нервозно ја чекаат зимата што доаѓа, а сега деталите на планот протекоа во јавноста на Европската комисија (ЕК) за тоа како ќе изгледа борбата за секој киловат-час електрична енергија во наредниот период.
Според деталите од документот, може да се види дека во текот на претстојната зима ниту една зграда, деловен или комерцијален простор во земјите членки на Унијата нема да се загрева на повеќе од 19 степени.
Од друга страна, се очекува на 20 јули кога ќе биде објавен планот, тој да биде обелоденет и во иднина споменатите области да се разладуваат на само 25 степени, што имајќи ја предвид моменталната топлина на Стариот континент, би можел да биде дочекан со огромно незадоволство.
извор: faktor.mk